Веспрем откри зошто не се одиграл пријателскиот меч со Кил на кој требаше со ракомет да се простат Ласло Наѓ, Момир Илиќ, Арпад Штербик и Нандор Фазекаш
Веспрем откри зошто не се одигра прошталниот меч на четирите големи ѕвезди што во дресот на Веспрем , на меч со Кил, требаше да се простат од ракометот.
Една од четирите ѕвезди, Ласло Наѓ е позитивен на Ковид 19 и логично немаше многу смисол да се игра оваа средба кога еден од славениците не може да присуствува на сопствената проштална средба.