Протокол за ракометните клубови

Протоколот за ракометните клубови беше објавен во службен весник. Препорака за сите клубови е да го преземат комплентното онлајн издание




ПРОТОКОЛ за работа на ракометните клубови при системот на Ра- кометната федерација на Македонија за превенција
ВОВЕДНИ МЕРКИ
- Одржување на тренинзи и натпревари без присус- тво на публика;
- Од сите учесници се бара да потпишат изјава за од- говорност за почитување на општите мерки за пре- венција од COVID-19 мерките кои ќе важат во делокру- гот на ракометниот спорт, што е услов за учество во системот на натпревари/ учество на натпревар;
- Тестирање на COVID-19 треба да се изврши нај- доцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително;
- мерење на температура на сите учесници при вле- гување во спортска сала; За нормална телесна темпера- тура на лице се смета температура од 36 до 37 °С со ко- ја може слободно да влезе во спортската сала. Лице кое при пристигање во сала има телесна температура од 37.1 до 37.2 °С се изолира во посебна просторија и се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (бидејќи е можно евентуално телесно загревање од самото патување до спортската сала). Доколку по вто- рото мерење има нормална телесна температура, лице- то може слободно да влезе во салата, во спротивно на истото не му се дозволува влез во салата. Лице кое при пристигање во салата има телесна температура 37.3 °С и повеќе не му се дозволува влез во салата. Се упатува клубот за лицата на кои не им е дозволено да влезат во салата, истите да се изолираат од групно патување.
- поставување средства за дезинфекција кое содржи 70% алкохол, за дезинфекција на раце и нозе на одреде- но место, со назнака за задолжително користење пред секој тренинг и натпревар;
- употребата на заштитни маски е задолжителна ос- вен за ракометарите кои се на терен во игра;
- секој поединец треба да има своја спортска опре- ма (лично);
- секој клуб има обврска да обезбеди доволна коли- чина на заштитни маски и средства за дезинфекција кои редовно треба да се надополнуваат;
- зачестено чистење и дезинфекција на сите просто- рии во спортската сала, материјалите и опремата;
- одржување на социјално растојание (нема раку- вање, гушкање, фрлање или кој било друг контакт).

ОПШТИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ -

Да се избегнува јадење во соблекувални,
- Да се чуваат личните предмети и облека во своја торба и да се избегнува да се оставаат истите изложени во соблекувалните или во заедничките корпи,
- Да се фрлаат марамчиња или останати материјали како што се фластер, завои итн. веднаш во соодветни канти кои што се затвараат,
- Често и темелно да се мијат рацете: миење на раце- те и нивно дезинфицирање се есенцијални за да се спре- чи инфекцијата. Да се мијат рацете со сапун и вода ми- нимум 20 секунди и потоа да се избришат со крпа за ед- на употреба од кога добро ќе се исплакнат. Доколку са- пунот и водата не се достапни , може да се употреби средство за дезинфекција кое што содржи минимум 60% алкохол,
- Кога се користи обичен тоалет, да се избегнува до- пирање на чешмата пред и по миење на рацете, користе- те крпа за една употреба за да ја отворите и затворите чешмата,
- Избегнувајте да ги допирате очите, устата или но- сот со нечисти раце,
- Покријте ја устата и носот со марамче или со лак- тот ако кашлате или кивате,
- Треба да биде обезбедено редовно дезинфицирање на масите, клупите, столчињата, закачалки,подови, чешми, кваки, тушеви и тоалети со средства за дезин- фекција кои што се на основа на белила или хлор, рас- творувач, 75% етанол, оцетна киселина и хлороформ,
- Да се намали присуството на луѓе во соблекувална- та на неколку специфично овластени лица со цел да се ограничи бројот на луѓе кои што имаат пристап до соб- лекувалната на минимум,
- Пристап до теренот треба да биде ограничен на колку што е можно помалку лица кои што се стриктно неопходни за да може да се изведе тренингот или нат- преварот,
- Тимскиот доктор мора да обрати внимание на ме- дицинската историја, медицинската проценка пред нат- преварот и телесната температура да се проверува пред секој тренинг и натпревар за сите играчи и официјални лица. Тимскиот доктор мора да ги евидентира медицин- ската забелешки пред секој тренинг и натпревар, да се
осигура дека нема заболен човек кој што учествува на тренинг или натпревар или е во околина на тимот,
- Хигиенските услови на сите соблекувални како и на сите соби кои што се за допинг контроли треба да се проверат претходно,
- При влегување во салата, на сите треба да им се обезбеди средство за дезинфекција на раце (или да по- минат низ sanitizing gate, доколку е возможно), и да им се измери телесната температура,
- Салите со поголем капацитет ќе бидат користени за натпревари за да се обезбеди физичка дистанца,
- За време на натпреварите, телевизиски екипи, претставници на медиум и волонтери мора да носат заштитни маски цело време при движење во салата,
- Болници кои што имаат одделенија за COVID-19 ќе бидат потребни за време на натпреварите,
- Medically trained hygiene officer мора активно да учествува во организација на тимските патувања про- верка на најдобрите можни заштитни уреди за превен- тивни цели и мора да се осигура дека за нивно постое- ње за време на патувањето.

ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС
Тренажниот процес пред почеток на натпреварува- њето пожелно е да се подели во 3 фази, како што сле- дува:
- почеток на индивидуален тренинг на играчи во спортска сала, без физички контакт (3 дена);
- почеток на тренинзи во мали групи (најмногу 5 иг- рачи истовремено, 7 дена);
- колективен тренинг со комплетен тим (доволен број на денови потребен за подготовка на екипата сог- ласно индивидуална процена на тренерот);
Доколку се променат рестриктивните мерки, проце- сот на тренирање може да претрпи измени. Основните принципи се обврзувачки за сите клубови при изготву- вање план за отпочнување на процесот за тренинг. Про- токолот е поделен во три фази и има за цел да им даде на играчите оптимална можна нова физичка подготве- ност до самиот почеток на самото натпреварување.
Како што е наведено, фазите се следни:
- Подготвителна фаза и фаза на индивидуален тре- нинг на играчи;
- Фаза на тренинг во мали групи;
- Колективен тренинг.
За да се исполнат овие фази, треба да се спроведат следните мерки:
- Секој клуб треба да подготви список на лица вклу- чени во процесот на тренинг;
- Сите лица во спортската сала мора да бидат иден- тификувани на соодветен начин;
- Теренот на кој ќе се организираат тренинзите мо- ра да биде јасно дефиниран; единствените лица кои имаат пристап до овој терен се: играчи, тренери, док- тор и физиотерапевт, економ и минималниот број на персонал задолжен за дезинфекција и чистење;
- Неопходно е да се изврши набавка на соодветни средства за редовно чистење и дезинфекција на просто- риите (треба да се посвети посебно внимание на пов- ршините кои често се допираат како што се врати, пре- кинувачи, итн.);
- Дезинфекција и чистење на материјали и просто- рии мора да се изврши во согласност со важечките препораки на надлежните здравствени органи;
- Заштитата, хигиената и миењето на рацете мора да бидат на високо ниво;
- Сите учесници во тренажниот процес мора да се однесуваат согласно мерките и препораките на надлеж- ните здравствени органи;

Сите активности што имаат поголем број учесници мора да се сведат на минимум;
- Неопходно е да се применуваат и други лични пре- вентивни мерки со цел да се спречи ширењето на ин- фекцијата поради што сите учесници е потребно да вни- маваат на своето здравје и на своите контакти и надвор од теренот односно и надвор од тренажниот процес и натпреварувањето;
Пред започнување на тренажниот процес да се об- рне внимание на:
- Учесниците;
- Состојба на терени,
- Транспорт/превоз. Учесници во тренажен процес
На тренинзите можат да присуствуваат само учесни- ци кои се неопходни за одвивање на тренингот. Тие мо- ра да бидат однапред познати и евидентирани на спи- сок кој ги содржи следните генералии: име и презиме, опис на работното место (ракометар/ка, економ, физио- терапевт, секретар и слично) и датум на тренингот.

РАКОМЕТНИ САЛИ
Co цел ракометните сали да бидат што е можно по- добро изолирани, се советуваат клубовите доколку е можно, да го организираат процесот на тренинг во тре- нинг камп со заедничко сместување (вид на карантин), а доколку тоа не е можно, тогаш играчите да престоју- ваат во своите домови и на тренинг да патуваат поеди- нечно (сам) со автомобил.
Пред да пристигнат во салите, сите простории мора темелно да се исчистат и дезинфицираат во согласност со упатствата на надлежните здравствени установи.
Сите критични површини (рачки на врати, прекину- вачи, кутии, итн.) Мораат да бидат дезинфицирани.
Целокупната постапка треба да биде во писмена форма (записник дека е направена дезинфекција со да- тум), а ракометната сала обележана со безбедна зона.
Сите лица што влегуваат во ракометната сала мора да се придржуваат кон строгите хигиенски услови.
Просторот на економот: пристап до економат / мага- цин и негово управување има само едно лице, кое мора да ги почитува следниве мерки:
- Економатот мора да биде заклучен доколку никој не престојува / работи во него,
- Економот редовно ги мие и дезинфицира рацете и мора да носи маска за лице,
- Секој пат кога ќе добие ново парче опрема, еконо- мот мора да ги мие и дезинфицира рацете,
- Набавката на нова опрема се врши на не помалку од 15 дена.
- Перална: оваа соба треба да биде затворена. На иг- рачите треба да им се дадат два комплети опрема за тре- нинг и натпревари за играње, а истата опрема ќе се пе- ре дома после секој тренинг / натпревар.
- Соблекувалната: бидејќи ова е потенцијално об- ласт со висок ризик за пренесување на инфекции, рако- метарите/ките доаѓаат подготвени во спортска опрема и не користат соблекувална пред и по завршување на тренингот и натпреварот.
Лицата одговорни за одржување мора да ги следат следниве упатства:
- Секогаш мора да носат маска за лице и ракавици;
- Тоалетите мора да бидат темелно исчистени и де- зинфицирани;
- Валканите канти за отпадоци мора да бидат поста- вени колку што е можно подалеку.
Просторија за физиотерапија:
- Во првите две фази (индивидуален и групен тре- нинг), физичкиот контакт со играчот мора да се мини- мизира;
Во првата фаза се лекуваат само повредени иг- рачи;
- Физиотерапевтот мора да носи маска за лице во се- кое време и ако е можно ракавици;
- Нова маска за лице и нови ракавици мора да се но- сат за секој нов играч;
- Масата за масажа мора да биде покриена со чиста прекривка или прекривка за еднократна употреба, која се менуваат по употреба;
- Делови од масата за масажа што не се покриени мора редовно да се бришат со средства за дезинфек- ција;
- Особено треба да се внимава со хигиената. Затоа, се препорачува редовно чистење, или барем по третма- нот на секој играч.
Фитнес просторија:
Употребата на оваа просторија мора да се сведе на минимум, т.е. ограничена исклучиво на повредени иг- рачи, предмет на следниве мерки:
- Користете на оваа област да се сведе на минимум, и кога е можно, да се прават вежбите на отворен прос- тор;
- Да се постават уреди со средства за дезинфекција на рака на влезот;
- Во исто време, може да имам максимум 1-2 иг- рачи, одржувајќи растојание од најмалку 2 метри,
- Прозорците мора да бидат отворени во секое вре- ме или климатизација;
- По употребата, сите уреди мора да се дезинфици- раат;
- Ако е можно, никој од тренерите не смее да биде присутен; ако е потребно присуство, тогаш тренерот мора да користи маска за лице;
- На крајот на секој ден, просторијата се чисти и де- зинфицира.
ПРЕВОЗ
Да не се организира колективно доаѓање на играчи- те на тренинг. Играчите да доаѓаат на тренинг поеди- нечно (сам) со автомобил.
Доколку се користи автобус, седењето треба да би- де преку две седишта со задолжително носење на заш- титна маска за време на превозот.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРЕД НАТПРЕВАР
- Да се користат автобуси/комбиња (минимум дис- танца од 1,5 метри мора да биде обезбедена) кој што ќе биде соодветно дезинфициран пред влегувањето,
- Индивидуални пристигнувања на играчите со кола треба да се земат во предвид (no carpooling) или играчи- те можат да ги користат своите автомобили индивиду- ално,
- Задолжително носење на заштитни маски за време на патувањето,
- Без преклопување на времето и местото на пристиг- нување на двата тима во салата, треба да постои времен- ска разлика помеѓу пристигнувањето на тимовите,
- Пристигнувањето да биде што поблиску до влезот на салата,
- Да се носи шише со вода за да се избегне допира- ње на чешмата,
- Да се користат соседни слободни простории како соблекувални, доколку е возможно (мора да има мини- мум 1,5 метри дистанца). Алтернативно, поголеми со- би можат да се користат како соблекувални за тимо- вите,
- Времето поминато во соблекувалните мора да би- де ограничено на минимум (30¬40 минути за индивиду- ални играчи),

За време на влегување и излегување на теренот, иг- рачите мора да одржуваат правилото за минимална дис- танца (за време на загревање, натпревар, полувреме и после натпревар),
- Поголеми влезни зони за влез на терен треба да се земат во предвид,
- Не смее да има придружба од деца,
- Не смее да има банкети (мора да се сведат на минимум;
- Неопходно е да се применуваат и други лични пре- вентивни мерки со цел да се спречи ширењето на ин- фекцијата поради што сите учесници е потребно да вни- маваат на своето здравје и на своите контакти и надвор од теренот односно и надвор од тренажниот процес и натпреварувањето;
Пред започнување на тренажниот процес да се об- рне внимание на:
- Учесниците;
- Состојба на терени,
- Транспорт/превоз. Учесници во тренажен процес
На тренинзите можат да присуствуваат само учесни- ци кои се неопходни за одвивање на тренингот. Тие мо- ра да бидат однапред познати и евидентирани на спи- сок кој ги содржи следните генералии: име и презиме, опис на работното место (ракометар/ка, економ, физио- терапевт, секретар и слично) и датум на тренингот.


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk