Струга со две нови имиња пред стартот на сезоната

Струга се заилува и ги зголемува амбициите за опстанок во Супер лигата




Левото крило Игор Илиевски поранешен ракометар на битолските екипи Пелистер и Работник, играч што неколку години настапуваше и Германија, во Аполда, клуб што е мини македонска колонија е нов ракометар на Струга. Денеска е последниот ден од преодниот рок и стружани ги запазија термините. 

Нов играч е голманот Мартин Јовановски кој ги бранеше боите на Пелистер, Охрид, неодамна и на Петролерс од Алжир. Тој бранеше за Струга и на неодамна одржаниот турнир, а непосредно потоа и потпиша за струшкиот клуб. 

Струга е во групата „А“ во која се и екипите на Охрид, Т. Пролет, Радовиш, КЛ7, Јуниор Кисела Вода и Астраион. Три од овие седум екипи ќе продолжат во Плеј оф, другите ќе се борат за опстанок. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk