РФМ со сет мерки за помош на клубовите: Бесплатни тестови, укината котизација...

Ракометната Федерација на Македонија донесе сет мерки за помош на клубовите и организација на претстојното првенство. 
Две најзвучни одлуки што произлегуваат од овој сет се укинувањето на котизацијата што секој суперлигаш ќе заштеди околу 1000 евра и уште побитно, трошоците за тестирањата ќе бидат на сметка на РФМ. 

РФМ и нивниот медицински партнер ЈЗУ 8 Септември ќе бидат задолжени за тестирањата. Федерацијата назначи надзорна комисија, а секој клубќе мора да има Ковид-координатор што ќе комуницира со нив и ќе треба да обезбеди почитување на протоколот. 

Од оваа соработка по предлог на медицинскиот партнер ќе се направи и конечниот календар на натпреварување. 

Подвлечено; РФМ ја одигра својата улога и обезбеди колку е што можно во ваква ситуација услови првенството непречено да почне да се игра. За се да мина во ред до крајот ќе треба максимално поддршка, совесност и професионализам од сите инволвирани. 




Се задолжува Комесарот за натпреварување г-дин Славе Николов во кординација со учесниците во системот на натпревари да го моделираат календарот согласно предлогот од медицинскиот партнер 8ми септември за сезона 2020/21 (во прилог дописот од ЈЗУ 8ми септември) ;

Врска задолжителното тестирање на учесниците во системот на натпревари за детекција на вирусот Сарс2 Ковид - 19 согласно протоколот усвоен трошоците за тестирање ќе бидат на товар на РФМ, тестирањето ке се врши во ЈЗУ 8ми септември ;
 
Обврската која произлегува од протоколот за заштита и превенција (Сл. Весник на РСМ број 208 од 26.08.2020 година) за задолжителна изјава (во прилог  - изјава) обврска за секој учесник да ја пополни пред почетокот на националното првенство сезона 2020/21 и да именува ковид-координатор од страна на клубот најдоцна до 03.09.2020 г. и да се достави во електронска форма на rfm.prvenstvo@macedoniahandball.com.mk ; 

Согласно дописот добиен од Генерален координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија (во прилог) каде се задолжува РФМ да врши засилени редовни и вонредни надзори за примена и спроведување на протоколот. Именувани се следните лица за надзор :
 
1.       Славе Николов (координатор)
2.       Камер Металари
3.       Левче Китевски
4.       Гино Стрезовски
 
Се укинува котизацијата за клубовите учесници во Супер Лига за натпреварувачка сезона 2020/21 ; 
 
Се задолжуваат лицата именувани за надзор при РФМ да во координација со ковид - координаторите од клубовите се утврди распоредот за тестирање, тестирањето во прв момент ќе биде во обем согласно капацитетот на ЈЗУ 8ми септември  (делегација од 21 член од секој учесник), во текот на натпрeварувањето по насоки од медицинскиот партнер ЈЗУ 8ми септември ќе се вршат дополнителни неделни тестирања .
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk