Утре ќе се извлекуваат паровите за второто коло од ЕХФ Куп во женска конкуренција
Утре во Виена ќе се извлекуваат паровите за второто коло од ЕХФ Куп во женска конкуренција. Македонија има два претставника во ЕХФ Куп (до лани Челинџ). Чаир кој игра ќе се најде во ждрепката и Куманово кој е директно пласиран во третото коло.
ЕХФ и во женска конкуренција ги има поделено екипите на зони, па така Чаир за можни противници ќе ги има следниве екипи:
Бриксен (Италија), Наиса (Србија), Муратпаша (Турција), Вуштриа (Косово) и Реал (Украина).
Гледајќи ги противниците, Вуштриа би била најдобриот избор за противник за екипата на Чаир.