Берлин го запре залетаниот Келце

По победата на гости на Веспрем, полскиот шампион во полн залет отиде кон Берлин, но ...



„Победата над Веспрем не крена во облаци. Затоа, овој пораз добро ќе ни дојде за да се спуштиме на земја“ коментираше Талант Душебаев по мечот на Келце со Берлин што заврши со победа на Гермаците од 35-27 (17-13). 
Келце тргна во освојување на Берлин, но налета на расположеното данско трио - Јакоб Холм, Ласе Андерсон и Ханс Линдберг. Тие тројца постигнаа 21 гол, а предводник беше Линдберг со 9 погодоци. 

Вујовиќ и Каралек постигнаа по шест за Келце, Алекс Душебаев беше стрелец на три, Карачиќ на два погодока. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk