Стартуваше ребрендираниот ЕХФ Куп, од сезонава под има Лига Европа. Два македонски претставника играа во првото коло од квалификациите. Еден од нив, ја заврши евро-авантурата, другиот е на чекор до пласман во второто коло
Сезонава што ќе ја гледаме по се изгледа ќе личи на трка во Формула 1 на која врне силен дожд, а сите болиди се со гуми за суво. Уште пред да стигнат до првата кривина има три излетувања. Арендал, Хаслум и Валур се аут, Ек Прованс и Бидасоа, како и Еш и Винтертур ќе играат само еден натпревар.
Тоа е само почеток, од први септември завршуваат летните авантури и сите се враќаат во Ковид реалност, па ќе очекуваме нови откажувања.
Ќе излетаат и познати имиња од трката. Мелзунген беше на чекор. Клубот ги смести во карантин Фин Лемке и Силвио Хајневетер, а малку фалеше и целиот тим да се изолира, па да бидат елиминирани. Дали Бјерингбро ќе види корист од тоа, ќе видиме вечерва, на последниот неодигран меч.
ЦСКА, пак, мораше да игра без тројца важни играчи. Деревен, Јанима и Фокин од трибини го гледаа мечот во Минск, затоа што доцнеле резултатите од корона тестот. Минск не профитираше, одигра само 25-25 и ја стави во незгодно и СЕХА лига која чека од ЦСКА „Да“ или „Њет“ за учество во следната сезона. А тоа е поврзано со нивниот евентуален пламан во второ коло и групната фаза. Така барем кажа Борис Сапожњиков, една важна фигура од страна на спонзорот во СЕХА Гаспром.
Металург имаше најрасположени стрелци на отворањето на ЛЕ. Им „забија“ 35 гола на гостите од Винковци, најмногу во првото коло. Ќе имаат и седум плус пред реваншот. Капитал со кој Зоран Кастратовиќ мора да биде задоволен. Играта ќе се подобрува, добро е за Металург што токму Спачва им беше противник во загревачкиот круг.
Бутел Скопје ја заврши трката. Фијаско на првиот ден, симболична, но со доста сатисфакција победа на вториот меч. Патем, 34-те гола примени на премиерата се најмногу што една екипа прими во првото коло, барем засега. Не ја превидовме, ќе ја одвоиме Спачва од конкукренцијата, таа и така оди рака под рака со најмногуте постигнати голови на Металург.
Крилото на Бутел Скопје, Мирко Мајиќ со 17 постигнати гола на два натпревари, засега е водечки стрелец во ЛЕ. Нема да остане долго во трката, наскоро ќе го минат стрелци од клубовите што ќе ја продолжат трката, но како сатисфакција, барем до следната недела ќе биде број 1.
ЛИГА ЕВРОПА
1 КОЛО
Металург - Спачва 35-28 (17-12)
Бутел Скопје - Ѓунѓеш 25-24 (12-14)
Скјерн - Малме 27-26 (12-12)
Бенфика - Фајверс 28-26 (15-12)
СКА Минск - ЦСКА Москва 25-25 (13-13)
Турда - Горица 24-26 (12-11)
Констанца - Ставропол 26-18 (11-8)
Кренс - Дубрава 28-26 (17-16)
Белененсес - Требње 23-28 (12-12)
Холстебро - Валур 10-0 (10-0)
Азоти Пулави - Хаслум 10-0 (10-0)
Кристијанштад - Арендал 10-0 (10-0)
Еш - Винтертур 0-0
Екс Прованс - Бидасоа 0-0
Бјерингбро - Мелзунген денеска