Никола Билик шест месеци во аут

Австрискиот ас на Кил мора на операција на коленот и долго ќе отсуствува



Порај сите проблеми со Ковид, Кил во предсезоната сериозно е „закачен“ од малер-повреди. По Никлас Екберг, уште еден важен играч долго ќе отсуствува. 

Австрискиот бек Никола Билик кој лани ја играше можеби најважната шутерска улога во Кил ќе биде надвор од терените шест месеци. 
Периодот на отуство не е потврден, но дијгнозата - е. Скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено. Таа повреда значи операција и во 9 од 10 случаи е најмалку шест месеци пауза. Некои успеваат да се вратат и порано, но тоа зависи од многу фактори. 

Во секој случај, Кил, кој е познат како клуб што составува екипа од 16, а не од 20 играчи сега е сериозно погоден и ќе треба да размислува да брцне одново во џебот и да бара алтернативи... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk