Вајлупов сам му донесе пехар на Мешков

МЕШКОВ БРЕСТ - СКА МИНСК   26-25 (15-13)



Првиот противник на Вардар во ЛШ и можен противник на СЕХА Ф4 во Задар, екипата на Мешков Брест го освои првиот пехар сезонава. 

Во Куп на Белорисија, во финалето Мешков Брест ја совлада екипата на СКА Минс, минимално 26-25. Микита Вајлупов игра во ол стар форма и практично сам ја совлада армиската екипа. Постигна 11 гола, а во остатокот на тимот од Брест немаше друг стрелец со повеќе од 3. Јака Малус постигна три гола, другите по еден до два. 
Екс вардарецот Сташ Скубе постигна еден гол.

Мешов повел 5-2 и потоа го одржувал водството, но во последните 10 минути со многу мака успеал да одбрани предност од четири гола. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk