Димитриевски и Синфин бадијала седеа во карантин

Синфин и Логроњо минаа една недела во карантин пред да дознаат дека тестот бил „лажно“ позитивен



Шпанските екипи Синфин за која игра Дарко Димитриевски и Логроњо одиграа пријателски натпревар по што беше откриено дека еден од играчите на Синфин бил Ковид позитивен. 
Двата тима веднаш заминаа во карантин, а седум дена подоцна се дозна дека бадијала биле во изолација, затоа што тестот бил лажно позитивен. 

Некакво фијаско во лабораторијата во Сантандер била причина дозина тестови да излезат лажно позитивни, меѓу нив и на ракометарот на Синфин. 
Откако се откри дека не е така, а се направија и нови тестови што се негативни, екипите се враќаат назад на терен. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk