Данците на тестирање секоја недела

Женскиот шампионат на Данска почна, а протоколот за нивните екипи предвидува постојано тестирање



Данскиот шампионат почна, а протоколот предвидува сите играчи и сите околу тимот да се тестираат еднаш неделно. Сметаат дека е подобро така за веднаш да ги ловат позитивните, отколку да мора да се прекинува првенството, нешто што би ги „дотепало“ клубовите. 
Тестирањето само по себе ќе биде комплицирано поради големиот број на тестови, а не е прецизирано колку ќе чини. Нема да биде бесплатно, но прават комбинации како клубовите да платат помалки и да не плаќаат веднаш. 

Гостински навивачи се забранети, а во салите ќе смее да има до 500 луѓе, вклучувајќи ги тимовите, службените лица, персоналот, волонтерите и гледачите.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk