Топката на „Молтен“ чека зелено светло

Јапонскиот производител на спортски реквизити „Молтен“ ги пушти во употреба ракометните топки Д60 и Д60 Про, топки за кои не треба лепак



Јапонската компанија „Молтен“ ги пушти во слободна продажба топките Д60 и Д60 Про, ракометни топки за кои не треба лепак. Можат да се набават, критиките засега се позитивни, но топките на официјалниот снабдувач на ИХФ се уште ги нема на големите натпреварувања. 

На Светската ракометна федерација (ИХФ) и е многу важно ракомет да се игра со топки за кои не треба лепак. На тој начин на ракометарите ќе им бидат отворени вратите од сите сали, објекти каде што во моментов не се пожелни или цената за нив е значително повисока затоа што лепакот тешко се чисти од паркетот. Тоа меѓудругото доведе и до моментот да се игра ракомет на специјални подлоги, а тие си имаат свои мани (монтажа-демонтажа) амотризација, проблем за играчите итн. 

Молтен водеше трка со Селект, снабдувачот на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Селект прв ја исфрли на пазарот „самолепливата“ топка Макси Грип, но таа барем засега примена наоѓа за тренинг кај деца и ракометари што не смеат да користат лепак. 

Најголемиот проблем со самолепливите топки беше што кога ќе се намократ, почнуваа да се лизгаат. Сега се тестирани во базени, во услови со голема кондензација и влажност и резултатите се охрабрувачки. 

На ред е ИХФ, кога ќе одлучи дека е дојден моментот топка без лепак да се користи и на Светско првенство, ќе ја видиме Д60 Про на дело. Најавите беа дека во Египет може да се случи такво нешто, но... 







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk