Келце подобар од „бразилскиот“ Татран

Келце го совлада Татран Прешов кој годинава вози на бразилски погон



Полскиот шампион Ломжа Келце денеска го совлада словачкиот првак Татран Прешов во битка за финале на турнир што се одржува во Полска. 
Полјаците беа далеку подобар противник дури и со бројните ротации и имаа водство од 20-12. Но, можеби претера со комбинаториките Талант Душебаев, па Татран кој годонава вози на бразилски погон, стигна до 27-29. Кога најмногу требаше, Алекс Душебаев и Артјом Каралек погодија и веќе немаше неизвеснот. Конечниот резултат е 33-29. 

Гудојнсен и Каралек постигнаа по 5 гола за Келце, а 22 од 29 гола за Татран ги постигнаа тројцата Бразилци. Пачеко постигна 11, Сантос 7, а Фижулето 5 гола. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk