Струга со ковид протокол за турнирот, нема соблекувални, мора тест...

Осум македонски екипи за два дена ќе го почнат натпреварувањето на овтореното игралиште во Струга. Организаторот спрема протокол



Сите ракометари, службени лица и челнови на тимот што ќе бидат на теренот ќе мора да покажат негативен Ковид тест за да можат да настапат на турнирот. Игралиштето ќе се дезинфицира, соблекувалните нема да се користат. 

Олеснување за организаторот е што нема сите екипи да бидат заедно на собир. Охрид ќе патува за своте натпревари, Вардар е сместен во Охрид и тие планираат исто. Прилеп ќе патува за своите мечеви, а најверојатно истото ќе го прави и Е. Пелистер 2. 
Во Струга, ќе бидат сместени само Е. Пелистер, Металург и Бутел Скопје. Домаќинот, нема да биде посебно на собир. 

Предвидено е на Македонската телевизија да има по два преноса дневно, од сите натпревари треба да им лајв стрим. Алтернатива за игралиштето доколку не послужи времето, е спортската сала. Публика нема да биде дозволена на трибините. 

Екипите денеска ги прават тестовите, очекуваме наскоро еден по еден да ги кажат и резултатите и се надеваме дека се ќе биде во ред во овој дел. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk