Пет натпреварувања од меѓународен каракер се одложени и во Азија
Глобалната пандемија продолжува да ги руши плановите на ракометните клубови и федерации низ целиот свет. Најново е што и Азиската Федерација (АХФ) одложи пет натпреварувања од меѓународен карактер, меѓу кои се и Азиската Лига на шампиони во машка и женска конкуренција.
Азиската Клупско првенство во женска конкуренција ќе се одржи во Алмата, Казахстан во првата половина на април, а машката ЛШ ќе се игра во С. Арабија, во Џедах, во втората половина на јуни.
Нови термини има и за кадетското и јуниорско првенство на Азија, како и за кадетското првенство во ракомет на плажа.
