Металург и понуди на Спачва две гостувања

Македонскиот клуб му понуди на хрватскиот двата меча да ги играат во Скопје



Металург и понуди на Спачва од Винковци, да биде домаќин во Скопје на еден од двата натпревари од првото квалификациско коло од ЛЕ. 
Металург е голем фаворит на оваа пресметка, па би било убаво да се избегнат ризиците од патувања. За Спачва овој дуел е „историски“ затоа што прв пат ќе играат во Европа, но мало фајде од тоа кога средбите ќе треба да ги игра без публика. 

Одговор се очекува од понеделник, два-три дена Хрватите треба да размислат и да се пресметаат дали во ваква ситуација им се исплати да патуваат во Македонија и потоа и дома да организираат натпревар. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk