Штербик: Кога потпиша Коралес, знаев дека е крај за мене

Со полни 40 години и 4 шампионски титули од ЛШ, злато од СП и ЕП, сребро од ЕП три бронзи од СП и ЕП, Арпад Штербик реши да ја заврши кариерата и стана тренер на голмани во Веспрем.



Арпад Штербик, Војводата што играше главна улога во првата шампионска титула на Вардар, новата сезона ја почна како тренер на голмани во Веспрем. 
Неговите фанови, се уште потајно се надеваат дека ако нешто зашкрипи во Веспрем, како што зашкрипи во репрезентацијата на Шпанија на ЕП 2018, Арпад ќе изрипа од папучите и ќе застане на голот. Но, тоа е веќе малку веројатно да се случи.

„Во моментот кога Коралес потпиша и останавме три голмани, знаев дека тоа е крајот за мене. Не го замислував крајот вака, имав и понуда или две да продолжам, но не сакав. Веќе ми е доста, ако не можам да бидам во врвн форма, подобро и да не играм“, изјави Штербик во интервју за унгарски медиум. 

Коралес не само што не беше конкуренција, туку Штербик активно учествувал и во неговиот ангажман. 

„Имавме список, баравме замена за мене. Гледавме голмани на кои им истекува договорот. Како и за секоја позиција, имавме опција 1, 2, 3... Кога ме прашаа за Коралес, има реков дека тој е перфектна замена“, изјави Штербик додавајќи дека засега добро се снаоѓа во улогата на тренер на голмани, со тоа што понекогаш се „заборава“ и не знае која е неговата страна, дали да брани или тренира... 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk