Динар на помош во Монпеље

Легендарниот тренер на Монпеље, ќе добие помош од уште една француска ракометна легенда



Патрис Канаје, тренерот што го води Монпеље цели 26 години, летово побара помош и ќе ја добие од Дидие Динар. 
Динар е се уште актуелен селектор, односно има договор со француската федерација до 31 август. Тој е веќе заменет со Гијом Жил, некогашниот соиграч од репрезентацијата и моментално е без клуб. 

Канаје реши со еден удар да убие две муви. И за себе си обезбеди квалитетна помош во следните 6 недели, а и му излезе во пресрет на Динар и тоа на достоинствен начин, без да се чепне по егото на некогаш најдобриот светски дефанзивец и да биде врамено како помошник или асистент... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk