Американците закажаа квалификации за СП 2021

Закажани се квалификациите за СП Египет за Северна Америка и Кариби



Закажани се квалификациите за ЕП Египет 2021 од зоната на Северна Америка и Кариби. Тоа се квалификации што требаше да се играат во Мексико Сити во јуни, но поради корона се одложени. Новиот термин е 1-8 ноември, исто така во Мексико Сити. 

Ако овие квалификации не се одиграат, местото по автоматизам би требало да го добие Европа, но најверојатно нема да биде така затоа што овие квалификации не ни почнале да се играат, па Северна Америка и Кариби ќе имаат право да испратат репрезентација на СП по моделот по кој Европа испрати 15 репрезентации на СП. 

Истото не би требало да важи и за квалификациите од Јужна и Средна Америка (Коскабал). Тие веќе организираа квалификации на кои не успеаја да соберат доволно екипи за да имаат четири места на СП. ИХФ, на сметка на Европа, во случајов директно на Македонија, им даде уште една „Последна шанса“, турнир што треба да се игра кон крајот на октомври. Ако и тогаш дали поради корона или други причини не успеат да организираат турнир, (со резерва затоа што е ИХФ во прашање) местото би требало да го добие Европа, а прва земја од Европа што треба да добие место на СП е Македонија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk