Работнички доби играчи на Вардар на помош

Згасна првиот пионерски проект за втора екипа, Вардар Јуниор односно МРК Вардар. Сега улогата на втор тим на Вардар ќе ја има најстариот ракометен клуб во Македонија, Работнички. 



Најстариот ракометен клуб во Македонија, следната сезона ќе биде филијала на Вардар. На тој начин клубот се спаси од повторување на судбината и односно ставање катанец на врата и пакување куфери за преселба во Прва лига. 
Вардар, пак, го згасна безмалку дваесетгодишниот проект наречен втор тим, односно Вардар Јуниор или уште подобро познат како МРК Вардар. Неговата улога следната сезона ќе ја игра Работнички. 

Пет млади играчи на кои нема да смета Стевче Алушовски за следната сезона ссе селат во Работнички. Тоа се Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов, Стефан Крстевски и играчот што ќе тренера со Вардар, а ќе игра за Работнички - Давид Савревски. 

Работнички ќе биде филијала на Вардар, но во пракса тоа се два сосема различни субјекти односно клубови и секој трансфер на играч од еден во друг клуб ќе биде според правилата и огранувањата што ги имаат ракометарите во домашниот шампионат. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk