ВЕСТИ: Трошки со шест нули, Бинго во Спортинг...

Швајцарија за помош на спортот и ублажување на последиците од корона вирус, (ќе) одвои нешто повеќе од 92 милиони франци. 
Ракометот ќе добир трошки. Само 1.15 милиони франци се предвидени за помош на овој спорт. 




Никлас Ландин, голманот на Кил, во интервју за дански дневен весник откри дека сите ракометари на Кил се согласиле да играат за 50 % помали плати од тоа што и е гарантирано со договор.

Спортинг во еден ден објави два потписа. Португалците се пофалија, односно официјализраа дека потпишале договор со десното крило на Мешков Брест, порано и на Металург - Дарко Ѓукиќ, а и дека го продолжиле договорот со левото крило од Франција - Арно Бинго, играч кој своевремено беше потенцијал и за репрезентацијата на Франција 

Данска и Норвешка уште еднаш потврдија дека постигнале договор околу ЕХФ Еуро 2020. Ако нема финансиска гаранција од ЕХФ дека ќе им ги компензира евентуалните загуби - ќе се откажат од организација на ЕП 2020 што треба да се игра во декември. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk