Данска и Норвешка, веќе не го сакаат ЕП 2020!

Данска и Норвешка, веќе отворено почнаа да бараат најбезболен начин како да ја откажат организацијата на ЕП 2020



Ако знаете малку да читате меѓу редови, ќе ви стане кристално јасно дека Данска и Норвешка, веќе отворено бараат начин како да се откажат од организацијата на ЕП 2020 што треба да го организираат во декември годинава. 

Веќе имаше неколку најави, а последната беше дека би можело да се игра и во само два града и да се заобиколат најголемиот дел од трошоците доколку не се игра со публика. Немаше никаква реакција од Виена, па сега доаѓа ново интервју на првиот човек на федерацијата на Данска, Пер Бертелсен. 

„Ако не можат нашите девојки да играат пред 12.000 гледачи во Бокс Арена, тогаш зошто сето ова? Ние организацијата ја земавме поради публиката, ако не може да играме пред полни трибини тогаш? - изјави Бертелсен

Данска и Норвешка го бараат најбезболниот начин како да се откажат, а веќе имаат и заеднички став што на ЕХФ сигурно нема да му се допадне. 
Данска и Норвешка ќе побараат финансиска гаранција, дека ЕХФ ќе ги покрие евентуалните загуби што би настанале доколу се игра без или со ограничен број на публика.
Засега не настапуваат многу агресивно, но рековме суптилно веќе ја наметнаа идејата некој друг да го „бере гајлето“. 

„Ако не можеме да организираме првенство со публика и немаме финансиска гаранција од ЕХФ, нема да го преземеме целиот товар. Тогаш, најдобро ќе биде некоја друга држава каде што трошоците би биле помали да го организира првенството“, изјави Бертелсен. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk