Келце се откажа од главниот спонзор

Повеќе пати читавме и пишувавме за кризата во Келце и нивната борба да најдат спонзор. Сега приказната добива поинаков тек



Чуден пресврт и комплетна трансформација се пред полскиот шампион Келце. Клубот сезонава се викаше ПГЕ ВИВЕ Келце, а енергетската компанија ПГЕ и бизнисот со рециклирање на преседтелот Бертус Сервас (ВИВЕ) функционираа сосема добро. 

Но, на 1 јули ВИВЕ се откажа од спонзорство, а точно еден месец подоцна и ПГЕ веќе нема да биде дел од името. И тоа клубот побарал раскин на спонзорството. 

Келце има нов спонзор. Јавно не се кажува кој е. Но, компанијата ПГЕ не сака да го дели името на клубот со новиот спонзор. Затоа, Келце реши да им се заблагодари и наскоро ќе објави како ќе се вика клубот и кој е новиот спонзор. Единственото што од клубот засега го кажуваат е дека опстанокот на клубот и настапите во ЛШ не се доведени во прашање. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk