Спортинг најде замена за Марко Вујин

Марко Вујин не се прослави во дресот на Спортинг, па во обид да ја рестартира кариерата пристигна во Скопје. 




Португалскиот Спортинг објави, односно ја потврди веста дека 203 сантиметри високиот Јенс Шонгарт, повремен германски репрезентативец е замената за Марко Вујин. 
Шонгарт (31) минатата сезона играше за Флензбург, но не е нивни играч, туку беше позајмен од Хамбург. По завршувањето на првата корона сезона Шонгарт се договори со Спортинг, каде пак, ќе има комплетно освежување на десната страна со оглед на тоа дека и поранешниот играч на Металург, Дарко Ѓукиќ доаѓа во Лисабон. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk