Металург се откажа од турнирот во Русија

Металург реши да не презема преголеми ризици и се откажа од настапот на турнирот во Чехов, Русија



Металург го откажа начелно закажаното учество на турнирот штпо го организира рускиот шампион Чеховски медведи. 
Турнирот треба да се одржи во втората половина на август, а екипата ќе се вратеше три-четири дена до првиот натпревар со Спачва од рамките на Лига Европа. 

Управата реши да не презема непотребни ризици и патувања толку кратко пред дуелот со хрватскиот тим.  Металург ќе настапи на турнирот во Струга и потоа ќе е врати во Скопје каде што веројатно ќе одигра уште една-две контроли пред да ја пречека хрватската екипа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk