Скопски Металург, пеколните температури во градот ги замени со тренинг камп во Маврово
Скопје е во температурната зона на термометрите означена со „пекол“. Подготовки во градот тешко дека можат да се одработат, а Металург во вистински момент го закажа вториот дел од подготовките на планина.
Маврово е новата дестинација на клубот, таму во многу поумерени услови ќе продолжи да се темпира првенствено физичката форма и ќе се работи на враќање на „елементите“ што најмногу настраделе со речиси петмесечната пауза поради стратегијата за борба со корона вирус.
Зоран Кастратовиќ ги има на располагање сите играчи, а клубот по враќањето од Маврово треба да оди во Струга каде што ќе учествува на турнирот заедно со уште седум македонски екипи.