Рускиот првак остана без тренер

Шпанскиот тренер на Ростов на Дон, Мартин Амброс, ги изненади Русите со одлуката да даде отказ на местото тренер на Ростов на Дон




Шпенцот Мартин Амброс кој две сезони беше тренер на Ростов Дон и селектор на Русија, поднесе оставка на позицијата тренер на рускиот клуб. 

„Единствената причина поради која заминувам е што сакам да бидам поблиску до семејството и до децата“, изјави Амброс. 

Пред извесно време, се водеше жестока дискусија за неговата позиција селектор на Русија, но успеа лобито што стоеше зад него да го задржи на позицијата. Засега останува селектор, но прашање е до кога. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk