Марковски претставен на Ф. Острови

Борче Марковски, битолскиот тренер кој има во резимето и селекторски денови со помладите категории во Македонија е претставен во новиот клуб



Борче Марковски, својата ЕХФ Мастер Коуч лиценца ја валоризира со трансфер на Фарските Острови. Прв пат македонски тренер ќе се обиде со клуб од островот, каде се игра типичен скандинавски ракомет. 

Марковски е новиот тренер на екипата на СТИФ, а од него очекуваат да донесе малку балкански менталитет. „Нови навики од Македонија“ е насловот со кој клубот го претстави македонскиот тренер.
Корист од овој трансфер во вид на прецизни информации за нивната машка репрезентација би можел да види и селекторот Данило Брестовац, со оглед на тоа дека Македонија ќе игра со Ф. Острови во квалификациите за ЕП 2022.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk