Фуксе Берлин е спремен да банкротира!

Германскиот клуб Фуксе Берлин сериозно ја разгледува варијантата да се откаже од натпреварување во Бундес лигата



Битката со Корона вирус може да биде загубена за бундеслигашот Фуксе Берлин. Менаџерот на клубот, Боб Хенинг во интервју за германски магазин изјави дека клубот веќе разговара со администратори и можно е следната сезона да не се натпреварува. 

„Размислуваме за сценарио - банкрот. Да ги исплатиме сите професионалци, да не аплицираме за лиценца, да не бидеме виновни за ништо и да не играме во Бундес лигата. Како што беше пред 16 години“, изјави Боб Хенинг. 

Берлин е претставник на Германија и во Лига Европа, се пријави за учество и евентуално повлекување ќе повлече и санкции од типот суспензија и парична казна, но тие казни не се многу високи, а суспензијата вообичаено е две години, па ако клубот се префрла во понизок ранг, речиси ништо нема да му значи тоа. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk