ЖРК Куманово во обидот да стигне до својата прва шампионска титула се засили со ракометарка од Грузија
Левораката Кетеван Венетски (22) ракометарка која минатата година настапуваше во првенството на Косово, е новиот играч на ЖРК Куманово.
Куманово годинава заедно со Металург се најсериозните кандидати за шампионскиот пехар, а заедно со Чаир единствените две македонски екипи што ќе играат во ЕХФ Куп.
Куманово беше заинтересирано и аплицираше и за настап во Лигата на шампионите, но ЕХФ не дозволи директно место во ЛШ, затоа што не е првак на Македонија.