Будимпешта го „шие“ и Келн

Будимпешта досега се задоволуваше со организација на женскиот Фајнал Фор. Наскоро ќе добие Арена поголема од Ланксес Арената во Келн



Будимпешта е центарот на женскиот ракомет во Европа. Со „Ласло Пап“ арената што собира сосема солидни 12.500 гледачи. Центарот на машкиот ракомет е Келн, и нивната „Ланксес Арена“ со капацитет од 18.500 гледачи. 

Следната година, Будимпешта ќе се обиде да го одземе приматот на Келн. За потребите првенствено на ЕП 2022, во унгарската престолнина се гради најголемата ракометна сала, со капацитет од 20.500 гледачи. Салата се гради во Градскиот Парк, а ќе биде дом на ФТЦ (Ференцварош) со одлука на унгарската влада.

Интересен податок врзан за сала доаѓа и од Хрватска. Мундијалот во 2025 година ќе се игра и во историскиот Дубровник. Таму се гради сала што ќе биде користена за тоа СП, иако за разлика од Будимпешта, ракометот нема да биде примарен спорт на јадранскиот брег. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk