Ѓунѓеш со победа ја отвори сезоната

Ѓунѓеш е во понапредна фаза на подготовки од македонскиот Бутел Скопје со кого ќе играат во првото коло на ЛЕ. Тие веќе одиграа еден меч, утре ќе играат уште еден



Унгарскиот Ѓунѓеш, екипа со која Бутел Скопје ќе ги игра двата меча од првото квалификациско коло за пласман во групната фаза на ЛЕ веќе одигра еден контролен меч. 
Ѓунѓеш беше гостин ан Цеглед и победи 28-24 (15-14) на натпревар кој главно беше израмнен 45-50 минути, а потоа гостите имаа подобар финиш, па и покрај бројните замени рутински го добија мечот. 

Средбата се играла по пколно топло време (+40 во салата), а ја следеа околу 200 гледачи вклучително и селекторот на Унгарија. Од тоа што можевме да го видиме од фотографиите, посебни мерки за внимателност, односно дистанцирање на трибините немаше, гледачите си седеа во поголеми групи, а ниту еден не носеше маска. 

Ѓунѓеш утре ќе игра уште еден меч, против тимот на Будакалаш.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk