Kил продаде еден врвен бек

Трансфер што беше најавен, па откажан, сега конечно реализиран... 



Кил продаде еден врвен играч. Во ред, можеби зборот врвен е претежок товар за 23 годишниот Швеѓанец, но во Кил ретко кога шанса добил играч што не го заслуѓува тој епитет. 

Многумина и во Скопје ги пребројуваа бековите на Кил додека се преговараше за Зарабец да дојде во Вардар. Тогаш убаво звучеше дека трансферот на Нилсон во РНЛ е откажан. 
Но, реално, според информациите што ги собиравме од Кил и Зарабец, Кил никогаш сериозен не ни мислеше да го продаде Зарабец во Вардар, а нити тој особено не се заинтересира да потпише за актуелен, но детронизиран европски шампион. 

Првиот бран од кризата помина, сега одново сите се на нозе и плановите за следната сезона продолжуваат. Лукас Нилсон одново се најде како цел на РНЛ, но овој пат трансферот е успешен и Швеѓанецот вчера го облече жолто-црниот дрес. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk