ЕХФ ранг листа: Пад од две места на Македонија

На ранг листата што ЕХФ ја крои според своите потреби и барањата на акциониерите, Македонија веќе не е на третото, туку е на петтото место



Македонија следната сезона ќе биде на петтото место на вкупната ранг листа на ЕХФ, ранг листа што одлучува која држава колку екипи ќе има во европските натпреварувања. 
Шпанија и Унгарија не минаа на листата, а разликата уште и ќе се зголеми затоа што имаат екипи на Ф4 во Келн. 

Но, нема грижи за македонскиот клупски ракомет, затоа што оваа ранг листа служи само за овој ранкинг и ништо повеќе. Претходните сезони, имаше посебен ранкинг за Лигата на шампионите, па тој одлучуваше која држава како котира во Европа. Сега листа со повеќе привилегии е таа од поранешниот ЕХФ Куп, сега Лига на Европа. Оттаму се добива екстра место во ЛШ, таму се добива места во групната фаза на ЛЕ и во системот  на рангирање за ЛЕ. 

Оваа ранг листа, требаше да биде најмеродавната, но поради тоа што Германците немаа три години екипа на Ф4 и нивниот ранкинг падна, се побунија акционерите, беше споена со ЕХФ Куп и така сега дава нов лик на европските купови. 



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk