Трет играч на Келце е во аут

Шпанскиот интернационалец чека многу важни вести за својата кариера од полските клиники



По Артјом Каралек кој има проблеми со скочниот зглоб и Хаукур Трастарсон кој ќе паузира меѓи еден и пол и три месеци, Келце на листата на играчи што ќе отсуствуваат од тренинг запиша и трето име. 

Шпанскиот интернационалец Анхел Фернандез, единствената вистинска опција на позицијата лево крило има проблеми со срцето, откриени при рутински преглед и во моментов не е во тренажен процес. 

Детални прегледи се извршени, денеска се очекува и информацијата што може да содржи многу важни детали околу натамошната кариера на шпанскиот ракометар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk