Ѓунѓеш се сомнева за меч во Скопје

Бутел Скопје за противник во првото квалификациско коло во новоформираната Лига Европа, го доби унгарскиот претставник Ѓунѓеш, водени од љубопитноста како тие ја доживеале ждрепката, наидовме на следнава објава



„Македонија во моментов е во црвена зона поради ситуацијата со вирусот. Организацијата на патувањето и играњето дома-гости поставува многу прашања. Ќе информираме веднаш штом ќе се знае локацијата и времето за одигрување на натпреварите“ пишува на официјалната страница на Ѓунѓеш. 

Ова може да не значи ништо, но многу веројатно е дека (ќе) има силен притисок да не се патува, односно да не се игра во Македонија доколку и во август бидеме во црвената зона. 

Во неколку наврати сме наидувале на информации од типот неутрален терен и во овој момент не би рекле дека тоа е невозможно сценарио. Особено откако ЕХФ ја диригираше ждрепката базирана на корона. Потребна е интензивна комуникација со ЕХФ во поглед на условите што ќе треба да ги исполнат и Металург и Бутел Скопје со оглед дека тие се екипите што први ја отвораат евро-сезоната во Македонија за да бидеме (по)сигурни дека ќе гледаме не само Лига Европа, туку и Лига на шампиони во Скопје. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk