КЛ7 пријави двајца позитивни на Ковид 19

КЛ7 ги почна подготовките без двајца ракометари. Еден кадет и еден сениорски играч. Двајцата се позитивни на Ковид 19




КЛ7 е вториот македонски клуб што пријави позитивни играчи на вирусот Ковид 19. Новиот суперлигаш направи 63 тестови пред стартот на подготовките, а двајца играчи беа позитивини. Тие се во изолација спред мерките за заштита, а клубот продолжува со работа, со оглед на тоа дека немале контакти со други играчи.

„Свесно и целно, пред почетокот на тренажниот процес за своите кадети, младинци и првиот тим се организираа скрининг тестови. Истите беа спроведени од страна на “Жан Митрев Клиник”.
Играчите веднаш по пристигнувањето од своите места на живеење според сите правила на дистанца и заштита прво беа упатени на скрининг тестирања. Кај двајца играчи (еден сениор и еден кадет) скрининг тестовите беа позитивни. Истите се во самоизолација и се чувствуваат добро без ниту еден симптом“, се вели со објавата на официјалната веб страница на Голден Арт КЛ7.






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk