.„Ако вака реагираме на секој позитивен корона тест, сезонава нема да може да се игра ракомет“, изјави Драган Аџиќ, тренерот на Будуќност откако неговата екипа по шест дена во тренинг камп во Колашинац, мораше да се врати назад во Подгорица и сите ракометарки сега одбројуваат 21 ден во изолација откако една од ракометарките имаше позитивен ковид тест.
Игор Вори доби асистент на клупата на ППД Загреб. Тоа е неговиот довчерашен соиграч Тончи Валчиќ, уште една клупска легенда на загрепскиот тим
Останавме должни за комплетните парови од 1 коло од квалификациите за Лига на Европа во машка конкуренција. Комплетниот список на парови изгледа вака:
ЛИГА НА ЕВРОПА
1. КОЛО КВАЛИФИКАЦИИ:
Турда (Ром) - Горица (Хрв)
Констанца (Ром) - Динамо Виктор (Рус)
СКА Минск (Блр) - ЦСКА (Рус)
Металург (МКД) - Спачва (Хрв)
Ѓунѓеш (Унг) - Бутел Скопје (МКД)
Холстебро (Дан) - Валур (Исл)
Кристијанштад (Шве) - Арендал (Нор)
Бјерингрбо (Ден) - Мелзунген (Гер)
Скјерн (Ден) - Малме (Шве)
Азоти Пулави (Пол) - Хаслум (Нор)
Бенфика (Пор) - Фиверс (Аут)
Винтертур (Шва) - Еш (Лук)
Екс Прованс (Фра) - Бидасоа (Шпа)
Белененсес (Пор) - Требње (Пор)
Луцерн (Шва) - Дубрава (Хрв)
Живан Пешиќ, ракометарот на сехалигашот Нексе, се врати на тренинзите на екипата откако го прележа успешно корона вирусот.