Спачва задоволна, ќе го изненадиме Металург

Металург го доби противникот што најмногу го посакуваше во квалификациите од Лига Европа. Задоволство е првата импресија и од противничкиот табор



Хрватската Спачва Винковци за прв пат во седумдесет годишната историја успева да обезбеди пласман во Европа.Среќата сакаше на својот прв европски меч за противник да го има македонскиот Металург. о ваквиот расплет задоволен е Металург, задоволни се чини дека се и Хрватите. Дури и преоптимистички изјави, но јасно е. Ова им е прв европски меч, немаат што да загубат...

„Задоволни сме. Добивме атрактивен противник што неодамна беше во самиот врв на европскиот ракомет. Металург има искусен состав со доста познати играчи, а од оваа сезона таму е и нашиот репрезентативец Златко Хорват. 
На нивна страна се искуството и знаењето, на наша желбата и младоста. Верувам дека со квалитетни подготовки можеме да ги изненадиме и да пројдеме понатаму. Нашата цел е остварена, сега можеме да играме опуштено, а кога сме опуштени тогаш сме и најопасни“, изјави тренерот Мечиќ. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk