Целје ќе одгледува црногорски таленти

Целје Пивоварна Лашко е најголемиот балкански ловец на таленти. Денеска се пофалија дека „уловиле“ двајца вонсериски Црногорци



Црна Гора речиси и да нема машки шампионат, но тоа не ја спречува да биде најголемиот дистрибутер на таленти на балканските простори и околните држави. 

Целје Пивоварна Лашко, пак, е најпознатиот ловец на таленти, односно клуб каде што се брусат играчи пред да прескокнат за многу поголеми пари и оштети да играат во поголемите лиги и клубови. 

Денеска Словенците се пофалија дека потпишале четиригодишни договори со двајца млади црногорски ракометари. Тоа се левиот бек Арсеније Драгашевиќ и централниот бек Радојица Чепиќ. Им се предвидуваат убави кариери. Првиот голем чекор е направен, сега е се во нивни раце, годинава ќе видиме каков потенцијал, односно квалитет се крие во нив. Можеби на фотографијата гледаме некој нов Борозан или Дувњак...

Понуди за овие ракометари имало од повеќе клубови, а заинтересиран бил и Вардар. 

„Среќни сме што сме овде. Првите впечатоци се одлични. Дојдовме во клуб што прави шампиони и добри резултати. Затоа и го одбравме, иако имавме понуди и од други екипи како Флензбург, Минден, Нексе, Вардар... Благодарни сме на менаџерите Братиќ и Милош, ова е тоа што го сакавме и со нетрпение го чекаме почетокот на сезоната“, изјави Чепиќ. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk