Бонавентура најавија: Се укинува „центарот“ во ракомет

Сестрите Жули и Шарлот Бонавентира, познатите ракометни судии од Франција, во интерју за француската федерација најавија промена на две правила




Две ракометни правила би можеле да бидат променети до 2022 година, најавија француските судии Жули и Шаролт Бонавентура во интервју за француската федерација. 

Една промена ќе се однесува до пасивната игра и намалување на бројот на додавања од шест на четири. 

Второто е укинување на центарот по примен гол. Односно, акцијата по примен гол би можела да почне од кој било дел од теренот. Нема многу детали околу тоа, односно дали голманот ќе смее да шутира директно кон противнички гол или да додава на противничка половина, но ова правило значително ќе ја забрза играта. Ова беше предложено уште во 2000 година, кога беше измислен брзиот центар.
ИХФ тогаш го одби, со образложение дека не сака да направи бркотница на теренот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk