КЛ7 ги почна подготовките за суперлигашката сезона

Новиот суперлигаш, Голден Арт КЛ7 ги почна подготовките за претстојната сезона. Ќе имаат што да покажат и докажат годинава.



Голден Арт КЛ7 ги почна подгоовките за следната сезона. Тоа е еден од најинтересните проекти во Супер лигата годинава. Иако се работи за сосема нов клуб, веднаш ќе го рангираме меѓу подобороорганизираните клубови, со понапредни сфаќања и чувство за тоа како треба да изгледа модерен клуб. 

Екипа составена од млади играчи што имаат потенцијал да станат А репрезентативци, тренери што им одговара да работат со млади категории и што и самите се релативно млади и амбициозни, што виделе и дел од Европа, па работите ги вршат гледано низ поинаква призма. 

Тоа се во некоја рака пионери во овој начин на работење, луѓе што работеле и во Вардар и во Металург, двата клуба што беа перјаница на македонскиот ракомет кога се зборува за менување на пристапот ков водење и начин на кој треба да изгледа нов клуб. И на врвот на сето тоа е Кирил Лазаров, од кого откако најави пензионирање, очекуваме уште повеќе, односно пренесување на дваесетгодишно искуство од врвни клубови, во еден во европски рамки мал, но за македонски услови проект што во прв момент би можел да се претвори во мини фабрика за правилен развој и производство на добри ракометари. 

Ќе ги видиме, имаат многу пред себе за докажување и покажување и тоа не од резултатски аспект, а тоа одново ги прави поинаква приказна од најголемиот дел. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk