Стојчевски се реактивираше и потпиша за шведски клуб

Македонскиот интернационалец ја прекина кариерата и се посвети на други активности, меѓу кои и тренерска кариера, но сега одново се враќа на терен



Поранешниот репрезентативец на Македонија, Никола Стојчевски (35) ја прекина ракометната пензија прогласена пред две години и следната сезона одново ќе игра. 
Стојчевски ќе го носи дресот на шведскиот второлигаш Торсланда. Тоа е еден од најголемите шведски клубови во поглед на членство, со оглед на тоа дека има над 800 активни играчи со кои работи логистика од околу 150 луѓе. Тоа е клуб од областа што ја покрива Гетеборг, 

Резултатски не се во врвот, играат во Олсвенскан лига (Втора лига), а и таму минатата година во прекинатиот шампионат беа трети гледајќи ја табелата од дното. 

За Стојчевски кој се проба и како тренер во млади категории, ова би можела да биде крајната ракометна дестинација. Потоа со оглед на големната на клубот би можел да продолжи со тренерскиот занает. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk