Трет судија стана реалност

ИХФ е речиси подготвен за инсталирање на нова промена во ракометот - трет судија




ИХФ неделава организираше онлајн симпозиум на кои се разговараше и се разгледуваа различни теми, ситуации со предавачи од целиот свет. Имаше за секого по нешто, некои теми навистина и беа интересни. 

ИХФ се чини дека е подготвен да инсталира промена во ракометот, а таа промена се вика трет судија. Тој ќе биде аутриктор, ќе се движи покрај аут линијата (фото). Се разгледуваше оваа тема, доколку се одржеше Супер Глоуб во предвидениот термин, трет судија ќе беше тестиран. А од тој момент до имплементирање во играта остануваат малку чекори. 

ИХФ се надева дека вака ќе го подобри квалитетот на судењето и донекаде, дотука се согласуваме со нив.

Тоа што целата работа најверојатно ќе ја претвори во циркуз со големи последици по ракометот е што ИХФ планира на натпревар да судат тројца судии од три различни земји! Тоа е вовед за судиски „спектакл“. Еднаш имавме мпожност да го видиме Славе Николов како суди со колега од Бразил, а Ѓорѓи Начевски доби колеги од Алжир и од Брегот на Слонова Коска. Ако ги прашате, ќе ви кажат дека тоа е едно од најлошите судиски искуства што ги имаат доживеано во кариерата. Толку беше лошо, што сметавме дека еднапш засекогаш е завршена приказната за мешани судиски парови. Но, не било така, се чекал згоден момент. А правила можат да се менуваат само по Олимписки Игри. 

И што се крие сега зад ова? Ќе се обиде ли ИХФ да им протури на европските судии колеги од другите континенти што на тој начин ќе учат судење? Ако се работи за недоверба кон судиските парови, тогаш ИХФ и ракометот воопшто имаат многу посериозен проблем од трет судија. Ако се работи за намалено влијание на судиите врз играта и попрецизини одлуки, тогаш треба да се занимава со недоречените правила, а не со бројот на судии. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk