Вознемирувачки вести од Романија. Клубовите почнаа да се однесуваат, нормално, но Ковид 19 е тука да не потсети дека сега е полошо отколку што беше во март кога се прекинаа првенствата
Веста на денот доаѓа од Романија, а се однесува на Ковид 19 во ракометот. Екипата на Дунареал Каларас ги прекина подготовките и ги откажа сите закажани контролни натпревари.
Две недели откако почнаа да тренираат, денеска тројца нивни ракометари завршија во болница, а целиот тим е во самоизолација. Ракометарите што се позитивни на Ковид се Влад Русу, Драго Хантару и Виктор Вартиќ.
Ова е жестоко потсетување дека иако постои видно олабавување на мерките за заштита од подмолниот вирус, не е добиена ни битка, а не пак војната.
Ситуацијата во Каларас, е прва од ваков тип во ракометот откако почна новата сезона. Опомена не само дека Ковид е овде, туку и дека ова може да му се склучи на кој било клуб, во кое било време.
И не би сакале да бидеме кобници, туку реалисите... но ова што сега се случува во Каларас, ќе им се случи и на други. И прашање е како и дали ќе се доиграат првенствата, кога ќе почнат вакви случаи среде сезона.