Доминира Неагу, но една е Ања Андерсен

ИХФ веќе 28 години, вака или така избира најдобри играчи за претходната година. Многу често изборите биле контрозверзни, многу често ИХФ мислел поинаку од фановите, а само еднаш навивачите ја имаат преземено работата во свои раце. 



Дури 28 пати во цели 32 години, од 1988 година па наваму ИХФ врши избор на најдобри играчи на годината. Почна со изборот на Веселин Вујовиќ и Светлана Китиќ во 1988, потоа Корејците Вон и Кјун Ми ја добија претстижната награда, а потоа уште Висландер и Јасна Колар се промовираа во најдобри пред да има три години пауза. 

Потоа продолжи изборот за најдобри, но тоа беше ексклузивно право на претплатниците на официјалниот магазин на ИХФ - World Handball Magazine (ВХМ). ИХФ предлагаше, читателите гласаа со испраќање на писма. 
Дека имаше контроверзи е благ збор. Но, никогаш не може на сите да се удоволи, што не значи дека го оправдуваме ИХФ. 

Премотуваме напред во времето и доаѓаме до 2020 во која Стине Бредал Офтедал ја прекина доминацијата на Кристина Неагу, а Никлас Ландин ја доби мртвата трка со Сандер Сагосен и стана четвртиот голман што бил избран за нај играч. Пред него, Хенинг Фриц, Тјери Омејер и Арпад Штербик беа прогласни за најдобри. 

Ако денеска ја прегледаме листата, ќе дојдеме до заклучок дека најдобрата ракометарка во историјата е Кристина Неагу, таа има 4 победи во овој избор. 
Микел Хансен и Никола Карабатиќ се со три победи во машка конкуренција. 

Ѕвезди како Аусра Фридрикас, Сесилија Легангер, Бојана Радуловиќ само еднаш победиле. Ѕвезди како Камила Андерсен, Бојана Поповиќ итн. не победиле ниту еднаш, а сигурно барем една сезона во кариерата биле најдобри. И тоа кажува многу за изборот на играчи. Исто како што изборот на Кристина Неагу четири пати во последните осум години кажува многу и позитивно и негативно. 

Две македонски ракометарки се нашле во конкуренција.  Валентина Радуловиќ и Индира Кастратовиќ. Не беа во најтесниот избор. 

Само еднаш во историјата фановите решија да ја земат работат во свои раце и да им удрат шлаканица на тие што ја прават селекцијата. 
Во 1997 година, иако не беше меѓу кандидатите што ги предложи ИХФ, односно ВХМ, победи во зенитот на славата победи Ања Андерсен. Таа беше игнорирана од ИХФ, но едноставно, ракометните фанови гласаа за неа, а бројката беше супериорна и ИХФ не можеше да ги игнорира. И тоа е прв пат данска ракометарка да биде најдобра на свет, иако од 1996 Данска има три злата од ОИ, едно злато од СП и три злата од ЕП, потоа има четири сребра од ЕП и СП, по две комбинирано и две бронзи од СП... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk