Што ќе смисли ЕХФ за ждрепката од ЛЕ?

Металург и Бутел Скопје на 28 јули ќе се најдат во ждрепката за Првото квалификациско коло од премиерната сезона во ЛЕ. 




Неодамна Извршниот комитет на ИХФ, а вчера и Извршниот комитет на ЕХФ ни покажаа зошто ракометот е на маргините на екипните спортови. Со такви личности на такви одговорни функции, ракометот треба да биде среќен што се уште е Олимписки спорт. Дека ќе освојат нови пазари, посебно прекуокеански, тешко. Дека ќе го маргинализираат низ другите држави - мошне веројатно. 

Следи ждрепката за 1 коло на ЛЕ, која, нормално, никој точно не знае како ќе изгледа. Шеширите ќе бидат објавени дополнително, а зошто не беа објавени истовремено со списокот на учесници... исто така никој не знае. 

Ќе се обидеме уште еднаш базирано на ранкингот на државите, да ги поделиме во два шешира екипите, со тоа што на секоја држава ќе и дадеме по едно место во првиот шешир. 

Прв шешир според официјалниот ранкинг на екипите со бодови освоени од ЛШ и Лига Европа: 
Екс Прованс (Франција), Мелсунген (Германија), Металург (Македонија), Ѓунѓеш (Унгарија), Бидасоа (Шпанија), Азоти (Полска), Холстебро (Данска), Дубрава (Хрватска), Бенфика (Португалија), СКА Минск (Белорусија), Малме (Шведска), Констанца (Романија), Тримо (Словенија), Винтертур (Швајцарија) и Хаслум (Норвешка).

Втор шешир: Фиверс (Австрија), Горица (Хрватска), Спачва (Хрватска), Бјерингбро (Данска), Скјерн (Данска), Валур (Исланд), Еш (Луксембург), Арендал (Норвешка), Белененсес (Португалија), Турда (Романија), ЦСКА Москва (Русија), Виктор (Русија), Луцерн (Швајцарија), Кристијанштад (Шведска), Бутел Скопје (Македонија).

Ова се групите според рејтингот на државите, но речиси сме сигурни дека нема да биде вака. ИК покажа дека рејтинзите не важат ништо кога се прават списоците и дека може со нив да се манипулира. Искрено очекуваме Металург да биде во првиот шешир, во кој ќе има повеќе од една данска екипа, веројатно тука ќе ја видиме и ЦСКА Москва, прашањето е само кого ќе фати за врат келнерот со врзаните очи, за да ја плати сметката за хаосот што го направија членовите на ИК. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk