Рој прашалници за местото на Металург во ЛЕ

Чекањето се ближи кон крајот. Утре ЕХФ ќе го објави списокот на учесниците во првата сезона на Лига на Европа. Македонија има три претставника во овој куп, но многу прашања има околу тоа кој на која позиција ќе се најде при рангирањето.



Новиот формат на Лига Европа предвидува натпреварување во Групна фаза во кои ќе има вкупно 24 екипи. Од нив 12 директно се пласираат во групната фаза, а 12 одат во квалификации. 
Од тие 12 што ќе играат квалификации, 4 екипи одат директно во Второ коло. 
Сите други ќе играат две квалификациски кола. ЕХФ предвиде дека тоа ќе се 20 против 20... Но, дали ќе биде така.
Ако според ранкингот на кој Македонија е на 3 место, Е. Пелистер ќе обезбеди пласман во групна фаза, а Бутел Скопје евидентно во прво квалификациско коло, прашањето е каде ќе биде Металург? 

ЕХФ предвидел вака да ги подели местата. 
6 екипи од 10-16 место (директно во група)
5 екипи од 1-9 место (директно во група)
1 за најдоброганирана нација (директно во група)
4 екипи директно во второ коло квалификации
20 vs 20 во прво коло од квалификации

Четирите загарантирани места во второто квалификациско коло, следствено би требало да одат за екипите од 6-9 место на ранг листата. 
Сите други би играле прво квалификациско коло. Тоа значи дека и Металург би играл две квалификациски кола. 

Но... Белорусија (10), Украина (11), Словенија (14) и Норвешка (18) се држави од 10+ на ранг листа, а тие добија место во Лигата на шампионите. Нивните втори претставници, никако не би смееле да го наследат ранкингот на шампионите, тоа во една поинаква варијанта го видовме кога Куманово аплицираше за место во ЛШ. 

Унгарија доби две места во Лигата на шампионите, а имаа едно загарантирано. Така што ниту третопласираниот унгарски тим, Татабања, не може да го има рејтингот на Пик Сегед, односно на четврта земја според ранкинг. 

Словенија доби место во ЛШ, но во ЛЕ, екипата на Рибница која заврши на второ место го откажа учеството, а третопласираниот Горење ќе игра во ЕХФ Куп (Челинџ ). Дури четвртопласираниот Тримо Требње е пријавен во Лига на Европа. 

Екипата на Хановер од Германија го откажа учеството во ЛЕ. Нејзиниот рејтинг, како втор германски тим, не може да го заземе начелно заинтересираниот Мелзунген кој е седмопласиран во првенството на Германија. Германија , пак, ги има Магдебург и Берлин, како рејтинг екипа и екипа со најголем успех од ЕХФ Куп. 

Ако ги исфрлиме местата на овие екипи и се водиме споед рејтингот до 18 позиција на ранг листа (држави што имаат право да пријават два тима), тогаш Металург би требало да го видиме меѓу четирите екипи што чекаат противник од вториот шешир. 

Прашање е дали по неколкуте откажувања на екипи и вкупниот број на пријавени ЕХФ ќе се задржи на оригиналното сценарио. Според него е предвидено да играат 56 екипи во Лига Европа. 

ЕХФ веќе неколку дена ги пребројува пријавите и веројатно кова некаков план за квалификациите. Можно е повеќе екипи да влезат во групната фаза, а тука би можел да профитира Металург. Можеби четирите загарантирани екипи во Второто квалификациско коло ќе добијат поголемо друштво, па и овде Металург би имал опција за игра само едно квалификациско коло. 

Но, за жал постои и опцијата двата македонски клуба, Металург и Бутел да играат по две квалификациски кола. ЕХФ и ИХФ веќе неброено пати ни имаат докажано дека кога се работи за ждрепка и составување на шешири, со ранкинзите според барање на акционери (ЕХФ) и ИХФ со моделот финансиска конструкција во време на Ковид кога доделува на вајлд карти, немаат стандардизирано критериум и можат да носат одлуки какви што во моментот сакаат и тоа да биде сосема легитимно. 

Ќе чекаме до утре, ќе видиме колку екипи се пријавиле, како ќе бидат третирани замените, според која ранг листа ќе се води Виена и ќе дознаеме каде се наоѓаат нашите екипи.
Не мора да биде се негативно, на крајот на краиштата Македонија е на трето место на ранг листа, но засега нема некој бенефит од тоа, напротив, сега имаме само еден клуб во ЛШ. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk