ФОМИНА: Загубениот пасош и кучето од Македонија

Олга Фомина (Черноиваненко) одигра две сезони во ЖРК Вардар, во кои остави трага длабока колку да ја паметиме. Затоа, пак, Вардар и живеењето во Скопје оставија трага кај неа што ќе ја памети додека е жива.




Рускиот портал „Брз центар“ објави интервју со поранешната репрезентативка Олга Фомина, во Скопје позната како Олга Черноиваненко. 
Играњето во Скопје, каде што мина две сезони, се главни во нејзиното сеќавање и во и надвор од теренот. Издвојува две работи... 

„Бевме на гостување во Франција, а јас сакав да се возам на каруселот. Со себе имав само торбичка-паричник во која имаше нешто пари, кредитни картички и пасошот на голманот Драгана Петковска. Паричникот го ставив до себе, заврши возењето, продолжив со прошетката и по 30-тина минути сфатив дека паричникот го заборавив на каруселот. Се вративме назад, но го немаше. Таква ладна пот ме нема облиено, заради пасошот на Петковска. Кренав паника, од амбасада ми ветија дека ќе и испратат документи на Петковска, но... 
Подоцна, непознат човек го хотелот ми го донесе паричникот. Внатре немаше пари и картички, но беше пасошот и визит карта од хотелот по која човекот се сетил да не побара...

Втората работа по која Фомина нема да го заборави Скопје е Каспер. Каспер е куче, мешано од Хаска и овчарско куче. Фомина го нашла на улица во Скопје, се заљубила во неговите сини очи и сега тој повеќе од пет години е нејзин чувар и миленик.
Инаку и со Каспер има епизода со пасош додека била во Скопје. Пасошот го оставила на масичка, а Каспер го направил парчиња. Среде сезона во ЛШ. Пропуштила само еден натпревар додека добие нови документи. 


Каспер


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk