Вујо на „удар“ во Србија

Веселин Вујовиќ, таков каков што го знаеме, ги нападна-искритикува спрските власти за одлуката за повторно воведување карантин, одлука што предизивика демонстрации во главниот град... 



Веселин Вујовиќ деновиве се судри со поинаква медиумска машина, поинаков пристап од вообичаените дуели со спортските новинари. 
Поранешниот тренер на Вардар ги искритикува српските власти, со изјава дека прeтседателот Александар Вучиќ не е сопственик на неговиот живот и серија критики за мерките.
Изјавата дојде по одлуката повторно да се воведе карантин, што потоа предизвика демонстрации во Србија и судири со полицијата. 

Кога звучно име ќе каже такво нешто веднаш се наоѓа на насловите, но сега ударот со не многу бирани зборови, му го возвратија медиумите што се блиски до владеачката партија. Му дадоа политичко значење, а патем најдоа и негови бивши соиграчи, исто така познати имиња што ќе кажат збор-два против него, односно неговата постапка... 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk